Промени тема
Контакт

Масовен излез кон Грција: над 14 илјади патници на граничниот премин „Богородица“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
media-libraryt7oidpdimdl18BOJGnO
Скопје1.мк

Повеќе од три илјади македонски државјани утринава ја поминале македонско-грчката граница на граничниот премин „Богородица“, информираат од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.

Од МВР наведуваат дека на истиот премин до 10 часот поминале и над 11 илјади странски државјани.

Според надлежните, од македонска страна не е забележан застој на граничните премини во југоисточниот дел од земјата. Се додава дека се преземени мерки со активирање на сите човечки и технички капацитети со цел да се забрза протокот на патници и да се спроведат задолжителните гранични проверки.

— реклама —

На социјалните мрежи граѓани споделуваат различни искуства за преминување кон Грција – од брзо поминување до чекање од околу еден час, при што најголеми задржувања се пријавуваат кај автобусите.

— реклама —

Податоци од камерите на Јавното претпријатие за државни патишта покажуваат дека на премините „Богородица“ и „Меџитлија“ нема поголеми застои од македонска страна.

Зголемениот проток на патници е очекуван поради продолжениот празничен викенд, а слични гужви се забележуваат и во други викенди поради примената на новата ЕЕС регулатива, која започна да се применува од 10 април.

— реклама —

Од грчката влада соопштија дека системот им дава можности на земјите-членки да се справуваат со зголемениот притисок на границите и дека ќе се преземаат мерки за ефикасно опслужување на патниците, во согласност со законските правила.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv44mpultjlri089angW

Израел го затвора единствениот граничен премин меѓу Западниот Брег и Јордан

Свет | пред 11 месец

— реклама —
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања