Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Масовен руски напад врз Украина, расте бројот на жртвите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryhrijdvhikdrj6wmiTQG
Фото: Илустрација

Руските сили вчера го бомбардираа југоисточниот украински град Днипро во серија напади со дронови и ракети, при што загинаа 10 лица, а десетици беа повредени. Истовремено, украинските сили извршиле еден од најтешките напади досега врз Севастопол на Крим.

Според регионалниот гувернер Олександр Ханжа, во Днипро биле убиени осум лица, а 49 биле повредени. Во првиот ноќен напад бил погоден станбен објект, при што дел од зградата се урнал. Подоцна следувале нови удари додека спасувачите барале преживеани под урнатините.

— реклама —

„Повеќе од 20 застрашувачки часа Русите го напаѓаа Днипро во бранови. Гаѓаа намерно станбени делови“, изјави Ханжа.

Украинските воздухопловни сили соопштија дека Русија во текот на ноќта лансирала 19 дронови и 47 ракети, од кои биле соборени 15 дронови и 30 ракети.

— реклама —

Во северниот регион Чернигов загинаа уште две лица, а седум беа ранети.

— реклама —

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека секој ваков напад треба да биде потсетник за партнерите дека е неопходно итно зајакнување на украинската противвоздушна одбрана.

Во меѓувреме, руските власти на анектираниот Крим соопштија дека едно лице загина, а четири биле повредени во украински напад со дронови врз Севастопол. Гувернерот Михаил Развожаев го опиша нападот како еден од најтешките досега.

— реклама —

Според него, биле оштетени 34 станбени згради, куќи, автомобили и железничка инфраструктура, а руската противвоздушна одбрана соборила десетици летечки објекти над градот и Црното Море.

Во Русија, во напад со дрон врз фабрика за ѓубрива во Череповец биле повредени пет лица, откако била оштетена цевка за сулфурна киселина.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library47jcaee6d88j01lEBMf

(Видео) Над 850.000 Украинци останаа без струја по новите руски напади врз енергетската мрежа

Свет | пред 18 часа

— реклама —
media-library4bb6t509i29t0ECHASx

Русија со ракетен напад врз Киев: Оштетени станбени згради, мост и градинка, петмина повредени, меѓу кои и 14-годишно дете

Свет | пред 1 ден

media-libraryspg3a44vr325ahxo10E

(Видео) Бројот на загинати во рускиот напад врз Запорошката област се искачи на 55

Свет | пред 1 ден

media-libraryat0lrpmbh2bj2vc69Kd

Зеленски бара двопартиска поддршка од САД и итна испорака на ракети за „Патриот“

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања