Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Матичарите штрајкуваат: денеска нема изводи, нема запишување бракови – револтот зовре

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library19sj3ql8p0ct7mBSvhe

Граѓаните денеска нема да можат да извадат документи од Управата за водење на матични книги, затоа што вработените ќе бидат на своите работни места, но целосно ќе ги прекинат обврските како знак на револт кон институциите што, како што велат, не ги исполниле дадените ветувања и не го потпишале колективниот договор.

— реклама —

Од Независниот синдикат на Управата се децидни: ако нема поместување, следниот чекор може да биде генерален штрајк.

Потпретседателот на синдикатот, Насер Џемаили, предупредува дека состојбата со кадарот и платите одамна е алармантна:
„Никому не му е гајле за вработените во Управата за водење матични книги. Ниту една институција не реагира на нашите барања. А ние сме една од најважните управи во државата – без нас нема изводи, нема запишување бракови.“

— реклама —

Во Управата се вработени околу 350 лица, најголем дел од нив земаат минимална плата, а хроничниот недостиг од работници постојано го оптоварува системот. Според Џемаили, недостигаат над 90 вработени, што доведува до сè почести одливи на кадар – токму поради ниските примања.

Штрајкот продолжува додека не се обезбеди решение, а граѓаните денеска ќе се соочат со целосен застој во издавањето на најосновните лични документи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryvarkv7pi2go241ZDQYE

Бојкот на работата во Управата за матични книги, утре нема издавање на никакви документи!

Скопје | пред 1 месец

Screenshot-2024-03-12-at-19.38.36

За умреницата наместо венчаницата, Стевчо Јакимовски доби јавно извинување и ветување дека службеничката ќе биде казнета

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања