Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Матичните лекари од денес на протест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
doktor

Здравствените власти не ги предомислија матичните лекари затоа од денес го почнуваат тридневниот протест. Ќе бидат во нивните ординации, но нема да издаваат упати и рецепти, ќе прегледуваат само итни пациенти. Главните барања на Здружението на приватни лекари поради кои 4-ти пат годинава протестираат се зголемување на капитациониот бод, односно повеќе пари од државата поради високата инфлација и пациентите да се водат на ординацијата, а не кај матичниот лекар.

— реклама —

Протестот не го подржуваат од здружението на лекари по општа и семејна медицина. Од ЗЛОМ – СМ велат дека дел од барањата кои заеднички ги креирале со ЗПЛРМ исчезнале. Сега поголем фокус бил ставен на повозрасните наместо на младите доктори. Од оваа здружение бараат специјалистите по семејна медицина да имаат повеќе ингеренции, да можат да даваат повеќе услуги на примарно ниво и измени на моделот на капитација.

— реклама —
— реклама —

Наследување на концесиите, како еден од основниот модел кој ќе ги обезбеди младите лекари кои работат кај концесионер, по пензионирањето да можат да работат во тие ординации. Загарантирани плати за младите матични лекари. Со самото зголемување на капитацијата не секој газда обезбедува и повисока плата за своите вработени лекар/сестра за достоен жвот, изјави д-р Драган Ѓорѓиевски, претседател на ЗЛОМ – СМ.

— реклама —

Министерот за здравство пред неколку дена изјави дека не го подржува протестот на матичните бидејќи пациентите не смееле да трпат поради незадоволството на лекарите и повика проблемите да се решаваат на маса.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања