Промени тема
Контакт

Матурантите ќе земат активно учество во засадувањето на генерациски паркови во средните училишта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
24012020_ZMZSPP_Makraduli_poseta_ucilishte_Nikola_Karev-2

Продолжува реализацијата на проектот „Зелен лист, воздух чист“ за зазеленување на дворните површини во средните училишта во градот Скопје како дел од Планот за чист воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање.

— реклама —

Во средното училиште „Никола Карев“ комплетно е реконструирана дворната површина од околу 6.900 метри квадратни, воведен е систем на автоматско наводнување со вода од бунар, при што не се користи питка вода. За обновување на зеленило засадени се листопадни, зимзелени садници, и украсни грмушки.

— реклама —

Дополнително, во ова средно училиште ќе се засадат плодородни садници, ароматични растенија и сезонско цвеќе, а тоа ќе го спроведуваат и самите ученици во соработка до студентите од Факултетот за земјоделски науки и храна.

— реклама —

Проектот предвидува секоја генерација ученици да учествува во создавањето на свои генерациски паркови, кога матурантите секоја година ќе засадуваат нови зелени садници.

Целта на оваа мерка е дворовите на училиштата да прераснат и да функционираат како парковни површини каде континуирано ќе се надоградува зеленило.

фото: Влада

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања