Промени тема
Контакт

Матурска парада Охрид 2026

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

ОО
media-libraryjhe87rlggq3n3oxOccP

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Охрид денес танцуваше и се радуваше на младоста и успесите  на годинешните матуранти кои ја одржаа  традиционалната манифестација Матурска парада. Точно на пладне на штраусовата опера „Лилјакот“ на плоштадот „Св. Климент Охридски“,  тие  го одиграа танцот Квадрил.

На почетокот на настанот матурантите ги поздрави Претседателот на Советот на Општина Охрид,  Перчо Божиноски  кој посака да бидат добри и одговорни луѓе.

— реклама —

-Денеска ја испишавте  последната страница и ја затворате книгата на вашето средно образование.  Високо сте искасчени на школскиот  врв, но тука вашите предизвици не завршуваат. Колку ќе ги раширите крилјата кои ние ви ги дадовме преку образовниот процес, колку и каде ќе слетате зависи само од  вас  и никој друг. Доволно сте воспитани и едуцирани да процените дека што и да изберете, каде и да застанете,   на пониска или повисока гранка најбитно е да бидете добри луѓе, со добра мисла, чисто срце, чесни и без пороци.

Не можете сите да бидете  академски граѓани, потребни ни се и занаетчии, само така заедницата е цело, но најбитно од се е да бидете ЛУЃЕ. А големи се само оние  кои не скривнуваат од прав пат кои чесно со труд ја градат иднината.

— реклама —

Младоста е пролет во која се сее семето за староста. Како ќе се насочите сега  таков ќе ви биде целиот живот. Слатки се  младешките плодови. Уживајте во нив,  другарувајте, заобиколете  го Светот, пронајдете ја љубовта на вашиот живот но никогаш не се откажувајте од големите  сонови.   Летајте високо, бидете вредни, вложувајте се себе си и не се откажувајте од целта. Упорните и трудољубивите секогаш стигнуваат до нејзе.  

Добро размислете дали ќе станете идни академски граѓани или нова работна сила. Што и да изберете бидете задоволни и исполнети од изборот. Само така ќе бидете среќни, успешни и ќе можете да допринесувате во здраво градење на општеството кое останува на вас..  

Бевте генерација за пофалба, вредни, одговорни и  послушни. Се надевам дека подготвени и самоуверени ќе  зачекорите по  патеките што водат кон  високо образование, професионални ангажмани и нови работни места.

— реклама —

Ние остануваме тука да ве бодриме и  да се радуваме на секој ваш нареден успех.

Здрави и среќни со високо крената глава успешно патувајте во животот! – рече Божиноски.

— реклама —

Манифестацијата „Матурска парада“се одржа и во   Скопје, Струга,Струмица, Гевгелија и Куманово како и во  градови во Босна и Херцеговина, Бугарија, Словачка, Словенија, Србија, Турција, Унгарија, Хрватска и Црна Гора.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarys6isuqib5h5f0d28b8i

Охрид со нови капитални проекти: Катна гаража, пречистителна станица и спортска сала

Охрид | пред 1 ден

— реклама —
media-librarygesnda26ae81frSiUhm

(Видео) Продолжува реконструкцијата на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид

Македонија | пред 1 седмица

media-library8t0vpoac23pncs70GXV

Општина Охрид започнува чистење на речните корита и критичните точки

ОО | пред 1 седмица

media-libraryhfqjoqj9s2o980tZABb

(Видео) Видео од Охрид хит на социјалните мрежи: Девојче со преубав глас ја запеа „Ако згрешам нека изгорам“

Вирално | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања