Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Маж и жена преку прозорец избегале од штипската болница, се чекаат резултатите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
koronavirus

Маж и жена вчера избегале од Инфективното одделение од штипската болница откако искршиле еден од прозорците на болничката соба. Тие синоќа се пронајдени и се ставени во домашна изолација, информираа од Министерството за здравство.

Имано вчера во 14.30 часот, две лица во Штип со возило на итната медицинска помош биле донесени на Инфективното одделние во штипската болница. Од нив, едното лице било со сомнителни симптоми на болест. Согласно редовната постапка, лице со симптоми и лице-непосреден контакт, спроведен им е епидемиолошки прашалник и започнало тестирањето на корона вирус, а тие биле сместени во просторија за изолација. Неколку часа подоцна избегале од болницата.

— реклама —

По ова веднаш, интервенираше МВР – Штип. Лицата се најдени во својот дом во едно село во близина на Виница и ставени во изолација, до добивање на нивните лабораториски резултати. Лицата според првичните сознанија не биле во контакт со други лица, туку директно заминале дома.

Инаку станува збор за еден македонски државјанин и државјанка на Република Хрватска кои на 26 февруари влегле во Република Северна Македонија на граничниот премин Табановце. Министерството за здравство будно ја следи состјбата и продолжува редовно да ја информира јавноста.

— реклама —

Повеќе детали и резултати од тестирањето на утринскиот брифинг.

фото: Архива

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања