Маж и жена се фрлиле од тераса во станбена зграда во Скопје, а неофицијално - двајцата биле во љубовна врска. Денеска се очекуваат повеќе официјални детали.
Според податоците од МВР, мажот починал, а жената се бори за живот и е во критична состојба. Двајцата вчера попладне биле пронајдени паднати пред зграда во центарот на Скопје.
- На 12.02.2023 во 12.57 часот во СВР Скопје било пријавено дека пред зграда на бул.„Климент Охридски“ биле пронајдени паднати Ф.М.(47) и К.Г.(39), двајцата од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош кај Ф.М. констатирал смрт, а К.Г. со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување помош, соопштија од полицијата.