Србинка (53) години доживеала вистинска тортура после состанок во Дубаи со маж од Нигерија кој го запознала на социјалните мрежи.
Тие се договориле да излезат на состанок во Дубаи, а подоцна жената раскажала дека и се заканил со нож и ја натерал со него да влезе во апартман.
„Ми го зема мобилниот телефон, чевлите и облеката. Потоа ја заклучи вратата од апартманот и ме силуваше 20 пати“ раскажала таа.
За време на истрагата полицијата дошла до снимките на надзорните камери. Тој ден мажот влегол во хотелот, но не е забележано никакво оружје.
„Физички ме нападна и не ми даваше да јадам ниту да пијам. Ми се закануваше и ме терашше да јадам храна за кучиња“, рекла таа.
Јавниот обвинител рекол дека обвинетиот извршил и слично дело над девојка од Украина и дека и тој случај е се уште во тек.