Маж со брадичка и седа коса кој личи на Палчо, го возел рено-кангуто, сведочење на вработен во Безбеден град

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vanja-pance-palco-sudenje-5

На денешното судење за двојното убиство, на 14-годишната Вања и велешанецот Панче Жежовски, сведочеше и вработен во Министерството за внатрешни работи во одделот Безбеден град (Safe city).

— реклама —

Тој во судница кажа дека на 27 ноември 2023 година, денот на исчезнувањето на Вања, вршеле пребарување во Скопје.

Тој посочи дека во возилото „рено кангу“ на 27 ноември во 9:40 часот на камера се појавуваат две силуети.

— реклама —

„ Се гледа дека возачот е со брадичка, личи на првообвинетиот, додека, на другите камери не може да се забележи силуети на лице“, рече сведокот.

Тој кажа дека од началниците на СВР Скопје на 27 ноември добиле наредба да го бараат возилото на камерите, бидејќи тоа возило е поврзано со запалениот цитроен со кој беше грабната Вања Ѓорчевска.

Цитроенот е забележан утрото на 27 ноември дека се паркира пред зградата на убиеното девојче. Потоа тоа се движи по Партизанска, Рузвелтова и Орце Николов и се упатува кон „Александар палас“. Потоа, од началниците добивме насока да го бараме на камерите возилото рено кангу поради поврзаност со запалениот цитроен, рече сведокот.

На камерата кај Веро во Чаир забележуваат и дека возачот е со седа коса и брада и личи на првообвинетиот во овој случај“, рече сведокот.

Кога го следеле цитроенот на снимките забележале дека истото возило пред зградата на убиената Вања било паркирано и утрото на 24 ноември.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања