Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Мажот кој фрлаше отпад во Радика е пронајден и казнет

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-library9arv75si7tlgbUtP0Ec

Сторителот кој беше снимен како фрла вреќи со отпад и кутии во реката Радика е идентификуван и санкциониран, информираат од Општина Дебар.

— реклама —

Случајот привлече внимание откако спортското риболовно друштво „Трофта“ објави видео на социјалните мрежи. На снимката се гледа маж со возило како застанува на мост над реката и фрла отпад во водата.

— реклама —

По објавувањето на снимката, на терен излегле екипи од општинскиот инспекторат, во координација со други надлежни институции. По преземените активности, лицето било пронајдено и казнето.

Од Општина Дебар оценуваат дека случајот претставува почеток на поодлучен пристап кон заштитата на животната средина.

— реклама —

„Ова не е само една санкција, туку претставува почеток на нов и поодлучен пристап. Секое лице кое ја загадува реката Радика, јавните површини или кој било друг дел од животната средина ќе се соочи со мерките и санкциите предвидени со закон“, соопштија од Општината.

— реклама —

Оттаму додаваат дека контролите и конкретните активности за одржување на почиста животна средина во Дебар ќе продолжат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarye7sj9fb0s3focEaZRIR

Украле сребрен накит од стан во Битола, двајца приведени, по третиот се трага

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryrc01d8mtb6rs8s030NI

Нудел помош при подигнување пари од банкомат, па им крадел дел од парите

Македонија | пред 12 часа

media-librarys3rfga96lgp32DW9EYn

Петмина возачи приведени за безобѕирно управување, тројца возеле без возачка дозвола

Македонија | пред 12 часа

media-librarypkffqec7e2am1lN7wc5

21-годишник тешко повреден откако со автомобил удрил во бандера кај Велешта

Македонија | пред 12 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања