Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер, тврди Јоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Коментари
kosana-mazneva-danela-arsovska

Разрешувањето на директорката на „Комунална хигиена“, Косана Николиќ-Мазнева, се најде како тема на анализа кај политичкиот аналитичар, Јорданка Ивановска-Јоци.

— реклама —

„Неофицијално, Косана Николиќ-Мазнева е разрешена т.е шутната од Данела Арсовска поради недоразбирање околу некој тендер. Не се познати детали. Дали е случајност или не, на 19 октомври, следната недела, ,,Комунална хигиена" мора да распише, а месецов и да склучи - едногодишен габаритен тендер за нафта. Лани, тој тендер беше околу 2,1 милиони евра, а во времето на Шилегов 1,1 милиони евра. И во 2021 и во 2022, ги доби ,,Пуцко Петрол"“, пишува Ивановска-Јоци.

— реклама —

Според неа, скандалозно е разрешувањето.

— реклама —

„Како и да е, скандалозното разрешување на Мазнева [ позната од 2009 како ,,косовка девојка"] е чудно, со оглед дека се одметна од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ под патронат на Н.Груевски и така некако стана директорка на ,,Комунална", а потоа ,,грлом у јагоде" се залета и влезе во војна со матичната партија. Арсовска со тоа што денеска демонстрираше сила врз неа, демонстрираше и врз Груевски. Логички, но не ги знаеме деталите, а ќе се видат деновиве. Од друга страна, пологички, можеби токму Груевски, за кого Ахмети кажа дека имале тајни средби за кривичниот законик, а се шпекулира дека ,,курирот" Скопје виа Пешта е еден нафтен газда близок до ДУИ - дал ,,зелено светло" за бламирачко отстранување на Косана од претпријатието, а со тоа и од политичка сцена. Како и да е, Градот е киднапиран од Арсовска и буквално си игра играчки со него. Ова е 37 смена на директор. Башибозукот и агресијата никако да престанат“, додава јОЦИ..

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања