Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мажот кај Лабино паднал од карпест и тешко пристапен терен, спасителите неможеле да направат ништо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
sluzba

Денес во 13:46 ч. Планинската Спасителна Служба примила дојава од страна на СВР Охрид, за случена несреќа на карпест и тешко пристапен терен во месноста “Лабино”. Шестчлена екипа од ПСС, веднаш пристигна на местото на несреќата, но за жал, поради тежината на падот и сериозноста на повредите, беше невозможно да се направи било што за да се спаси животот на настраданото лице. По пад од голема висина, телото на настраданиот се наоѓаше во близина на езерската површина, каде со поддршка од пловен објект на граничната полиција, смртта ја констатира лекар од Итната медицинска помош по што беше спроведена соодветна увидна постапка за утврдување на причините за падот. ПСС при Црвен крст Охрид жали за немилиот настан и апелира до сите љубители на природата, да бидат особено внимателни, кога се движат на карпест и стрмен терен, каде поради ниските температури има појава на голомразица и постои опасност од подлизнување, со можност за сериозни последици.

— реклама —

извор: ss.org.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања