„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

МДС непријатно изненаден: Наместо да ги повлече огласите по избори, Димитров направи нови поделби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
sdiplomatski-sindikat

Македонскиот дипломатски синдикат е непријатно изненаден од вчерашната реакција на раководството на Министерството за надворешни работи и ниското ниво на комуникација во врска со соопштението на МДС за објавувањето 21 интерен оглас, се вели во реакцијата од Македониот дипломатски синдикат (МДС).

— реклама —

Во продолжение на реакцијата тиа пишуваат:

Наместо конкретни одговори за нашата загриженост поради сензитивниот тајминг на нивното распишување, видовме бледи флоскули од кои не може да се прочита искрена

— реклама —

заложба за транспарентна и конкурентна постапка, на дистанца од можни политички влијанија. Наместо повлекување на огласите и нивно пролонгирање по закажаните избори,

добивме неразбирливо пребројување на синдикални членови и нови поделби во куќата.

Наместо потврда на декларираниот професионален пристап и еднаков третман на вработените, за жал, слушнавме шокантни обвинувања за "попречување на нормалното  функционирање на дипломатската мрежа" од оние "што 11 години молчеа за бруталното прекршување на синдикалните права, а сега се најгласни".

За да ги расчистиме овие збунувачки квалификации кои доаѓаат од првите луѓе во МНР, би биле благодарни доколку отворено ни бидат презентирани опипливи аргументи

за нивната гласност за време на 11-годишниот период на кој реферира раководството. Еве, за да помогнеме, доволни ќе бидат мејлови, изјави или дописи од министерот Димитров

додека ја извршуваше амбасадорската функција во Хаг (2009-2014), во кои алармирал за посоченото брутално прекршување на правата на вработените. Доколку нема такви или не

може да се најдат, може да послужат и слични реакции на неговиот шеф на Кабинет, од периодот 2013-2017 и амбасадорувањето во Прага, во кои апелирал за лошите состојби во

Министерството. Доколку и такви не постојат, тогаш сериозно ќе се загрижиме за кредибилитетот на ваквите обвинувања кои добиваат контури на симптоматична

автопроекција.

Бидејќи раководството тврди дека нема ништо спорно во објавата на конкурси во пресрет на предвремените избори, уште еднаш ќе го потсетиме министерот Димитров на

неговата прва одлука по преземањето на функцијата во 2017 година кога поништи 19 законски одлуки за редовно пополнување на испразнети позиции во ДКП-ата бидејќи биле

донесени за време на техничка влада. Ако тогаш образложението беше дека се случиле "новонастанати околности", какви ќе бидат околностите по 3-ти јануари 2020 кога ќе течат

постапките за упатување во рамки на тековните огласи...

Неуспешен остана и обидот на врвот на МНР преку соопштението да се предизвика некаков виртуелен натпревар на бројки меѓу двата синдикати во Министерството. МДС

нема да дозволи да биде вовлечен во таква трка со нејасно тивкиот синдикат изминативе неколку години, а прилично активен во периодот до 2017 кога повикуваше да се гласа за

одредена политичка партија, дотогаш невидено и апсолутно недозволиво во синдикалната етика и пракса. Напротив, Македонскиот Дипломатски Синдикат ќе се сосредоточи на

реалните проблеми на дипломатите, жестоко залагајќи се за работничките права без разлика на етничка припадност, политички ориентации, должина на стаж,

административни позиции и кариерна траекторија, се вели во реакцијата на Извршен Одборна Македонскиот Дипломатски Синдикат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања