Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

МДТ бара блокирање на нови 104 веб-страници за нелегално онлајн коцкање

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library8cb5ov200kkpddoTBOD
Photo by Kanchanara on Unsplash

Министерството за дигитална трансформација продолжува со мерките против нелегалното онлајн коцкање, доставувајќи до Агенцијата за електронски комуникации нов налог за блокирање на дополнителни 104 веб-страници преку кои се приредуваат игри на среќа спротивно на законските прописи.

— реклама —

Со најновата мерка, бројот на записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигна 462.

— реклама —

Од Министерството посочуваат дека целта е да се спречи нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и да се ограничи пристапот до платформи што работат надвор од законските рамки. Мерките, како што наведуваат, се насочени и кон заштита на личните и финансиските податоци на граѓаните, како и кон спречување на изложеноста на малолетниците на онлајн коцкање.

Според доставениот налог, АЕК треба во рок од пет дена да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите потоа се должни веднаш да го ограничат пристапот до наведените страници и да прикажат известување за причината за блокирањето.

— реклама —

МДТ ги повикува граѓаните да не внесуваат лични и финансиски податоци на непроверени интернет-страници, а родителите и старателите да посветат поголемо внимание на онлајн активностите на децата и да ги информираат за ризиците од интернет-коцкањето.

— реклама —

Од Министерството најавуваат дека ќе продолжат со мерките во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалните игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања