Промени тема
Контакт

„Ме фати за рака и не сакаше да ме пушти“: водителката Неделковска предупредува на маж што вознемирува девојки во трговски центри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Македонија
media-library6nbtgm48nm2cdmJ9rh6

Сведоштво за непријатна средба со маж кој ѝ пристапил на јавна локација, ја фатил за рака и одбивал да ја пушти сподели водителката Дона Неделковска на социјалните мрежи, предупредувајќи ги девојките да бидат внимателни при движењето низ скопските трговски центри.

Неделковска преку социјалните мрежи раскажа дека пред извесно време, додека снимала видео на јавно место, ѝ пришол маж со зборовите дека сака нешто да ја праша. Според нејзиното сведоштво, тој потоа ја фатил за рака и не сакал да ја пушти.

— реклама —

Ситуацијата завршила кога во близина се појавиле други луѓе, по што мажот ја ослободил и брзо се оддалечил.

— реклама —

Водителката наведува дека подоцна повторно го сретнала во автобус и тој ја препознал, тогаш тој ѝ се обратил, но таа се обидела да го избегне контактот со него. Се преместила на друго седиште во автобусот но тој повторно седнал до неа.

media-librarysumn60ci74gv61OOdRk

По нејзината објава, во пораки ѝ се јавиле и други жени кои тврдат дека имале слични искуства со маж што се движи низ трговските центри во Скопје. Дел од нив посочиле дека тој им приоѓал и на вработени во моловите.

— реклама —

Во пораките што ги добила Неделковска се споменува и дека случајот бил пријавуван во полиција, како и дека мажот бил задржан. Сепак, овие информации засега не се независно потврдени.

По споделените сведоштва, Неделковска и жените што ѝ пишале упатија апел до девојките да бидат претпазливи, да внимаваат на личната безбедност и да побараат помош доколку се најдат во непријатна или заканувачка ситуација.

media-library2h9hpf64rt85b5YqNZr

Случајот воедно отвора прашање за потребата од соодветна реакција на надлежните институции, особено доколку постојат пријави за вакви однесувања. Засега, тврдењата за конкретниот маж и наводните претходни полициски постапувања остануваат непотврдени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања