Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Медарите од ВМРО ДПМНЕ го доведоа ЈСП пред колапс, а Скопје без јавен превоз, врв на неспособност, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
11170295_646187062178487_3506413957551131951_o

За првпат во историјата Град Скопје и неговите жители остануваат без јавен автобуски превоз, вели СДСМ

— реклама —

„Милионски долгови, неисплатени плати и колапс на ЈСП Скопје за само една година, донесоа неспособните медари од ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси по правило, секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ ја предводи градската власт, Јавното сообраќајно претпријатие се соочува со проблеми.

— реклама —

Така беше и при набавката на кинеските автобуси во време кога директор на ЈСП беше Игор Јанушев, против кого се води судски предмет за спорната набавка на автобусите, така е и денес кога ВМРО-ДПМНЕ и нивната градоначалничка Данела Арсовска го водат Градот.

— реклама —

И наместо решенија, ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје тера дневна политика, претседателот на Советот Трајко Славевски на седницата грабаше микрофони а советниците од ВМРО-ДПМНЕ и градоначалничката зборуваа за се освен за решенија на проблемот.

Колапсот на ЈСП е врв на неспособност на ВМРО-ДПМНЕ и Арсовска, поради нивниот неодговорен и нечесен однос страдаат граѓаните кои се без јавен превоз, страдаат вработените во ЈСП кои 20 дена се без плата.

— реклама —

Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ се најголемото разочарување за скопјани“, се вели во соопштнеието.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања