Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Медена оскаровска ноќ во МКЦ - дојдете заедно да го поддржиме историскиот на „Медена земја“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
20200107-filmot-medena-zemja-ja-dobi-nagradata-za-najdobar-dokumentaren-film-dodelena-od-megjunarodnoto-zdruzhenie-za-filmski-kritichari-1

МКЦ за сите љубители на филмската уметност на 9 февруари со почеток од 22 часот организира пренос во живо од доделувањето на оскарите и заедничко навивање за „Медена Земја“.

Иако првично беше најавено дека следењето во живо на доделувањето на оскарите ќе се емитува само во кино „Фросина, поради голем интерес од јавноста, за преносот ќе биде отворено цело МКЦ, а следењето на најпрестижните филмски награди ќе биде на повеќе екрани.

— реклама —

Филмот „Медена Земја“ ќе се емитува во МКЦ со почеток во 22.30 часот, а за доброто расположение на оваа долга и возбудлива ноќ, ќе се погрижи музичката група „Фолтин“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ испиша историја како прв документарец со две номинации за оскар. „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е номиниран во две категории за најпрестижните филмски награди во светот: најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм.

— реклама —

Заинтересираните граѓани треба навреме да ги подигнат бесплатните билети, а истите се достапни само на билетарницата во МКЦ.

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања