„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Медиумите не смеат да снимаат слободно во ковид болниците по фотографиите и видеата од турканиците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
8-mi-septemvri

По објавените фотографии и видеа на социјалните мрежи и во медиумите, од турканиците во тријажните центри при ковид болниците, од денеска забрана за медиумите да снимаат слободно.

— реклама —

При нашата денешна посета на болницата „ 8 Септември“, бевме спречени од обезбедувањето да се приближиме и да ја снимиме ситуацијата во Тријажниот центар. Се обративме до Министерството за здравство , од каде ни рекоа дека за овој проблем треба да разговараме со директорот на болницата „ 8 Септември“, Христијан Костов. А, тој едноставно остана недостапен на нашите повици, велат од Телевизија Телма.

По ова до медиумите пристигна допис од министерството за здравство во кој меѓу другото се вели:

— реклама —

Денеска предмет на интерес на повеќе медиуми беше ГОБ 8 Септември, ве информираме дека директорот д-р Христија Костов не издал наредба за забрана за снимање на болницата. Тријажниот центар може да се снима и фотографира од одредена далечина бидејќи овде има пацинети кои чекаат да бидат хосиптализирани, а возила на Брза Помош носат болни во тешка состојба и од таа причина редот мора да се запази како не би се нерушила приватноста на пациентите, но и работата на здарсвтвените работници од една страна и медимските работници од друга страна. Доколку постои интерес од страна на медиум, за снимање на влезот, внатрешниот дел на  ковид центар, тирјажен центар, хоспитализација на пациенти, или слично ве молиме да се обратите до здравствената институција или Министерството за здравство, како би се организирало снимање или фотографирање, со кое нема да се нерушат паравата и приватноста на пациентите, ниту пак да се доведе во ризик задравјето на медиумските работници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања