Промени тема
Контакт

Меџити: Ја враќаме Старата чаршија во нов сјај, реконструкцијата е при крај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 часа -

Скопје
medziti-i-s-2

Реконструкцијата на Старата скопска чаршија е во завршна фаза, при што најголем дел од предвидените работи веќе се реализирани. Проектот, вреден над 28 милиони денари, опфаќа целосно обновување на инфраструктурата и уредување на јавниот простор, со задржување на традиционалниот изглед на Чаршијата.

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека со реконструкцијата се создава нов и пофункционален простор, без да се наруши историскиот идентитет на Старата чаршија.

— реклама —

Зафатот се реализира на површина од 1.567 квадратни метри и ги опфаќа водоводната и канализациската мрежа, електричната мрежа и оптичките влакна, како и уредувањето на просторот над подземната инфраструктура.

Предвидена е и реставрација на калдрмата со травертински камен, поставување ново традиционално осветлување и уредување на пешачките површини.

— реклама —

„Ветивме дека ќе ѝ го вратиме сјајот на Старата чаршија и денес резултатите се видливи. По повеќе од пет децении, реализираме темелна реконструкција, од подземната инфраструктура до конечниот изглед, притоа зачувувајќи го идентитетот што ја прави Чаршијата посебна. Со инвестиција од над 28 милиони денари, создаваме подобри услови за граѓаните, занаетчиите, бизнисите и посетителите“, изјави Меџити.

— реклама —

По завршувањето на реконструкцијата, Чаршијата ќе има обновена инфраструктура и пофункционални јавни површини, додека ќе бидат зачувани нејзините историски и автентични вредности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања