ВО ЖИВО

Претрес: Од бранител до затвореник – Трајковски за притисоците, 27 април и системот што крши луѓе

Медведев го исмејува Трамп: „Нека се сети на мртвата рака – може да биде опасна“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
Dmitry-Medvedev-2016

Поранешниот руски претседател и актуелен заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, одговори на обвинувањата од американскиот претседател Доналд Трамп преку објава на социјалната мрежа Телеграм.

— реклама —

Трамп претходно го нарече Медведев „пропаднат поранешен претседател“ и му порача „да внимава што зборува“ откако најави нови царини од 25% на индиски производи поради блиските економски и воени односи меѓу Индија и Русија.

Медведев, пак, саркастично коментираше дека „Трамп ѝ забранил на својата платформа Truth Social да работи во Русија“, а потоа продолжи со оправдување на руската инвазија врз Украина и прикриено се закани со нуклеарен удар: „Ако зборовите на еден поранешен претседател предизвикуваат толкава нервоза кај, наводно, најмоќниот претседател во светот, тогаш тоа значи дека Русија е во право и ќе продолжи по својот пат“, напиша Медведев.

— реклама —

Потоа, осврнувајќи се на Трамповите зборови за „мртвите економии“ на Русија и Индија, Медведев го искористи терминот „мртва рака“ – ознака за автоматизиран руски систем за нуклеарен одмазден удар:

„Нека се сети на своите омилени филмови за зомби и колку опасна може да биде измислената ‘мртва рака’“, додаде тој, со емотикон што се смее.

„Мртвата рака“ (или „Dead Hand“) е вистински советски систем развиен за да обезбеди автоматски нуклеарен одговор во случај руското воено раководство да биде елиминирано – симбол на крајната закана во услови на глобален конфликт.

Претходно, Трамп најави воведување царини за Русија доколку Кремљ не го прекине воениот конфликт во Украина во рок од 10 дена. Медведев одговори и на тоа:

„Трамп си игра со ултиматуми. Треба да запамети две работи: Русија не е ниту Израел, ниту Иран. Секој нов ултиматум е закана и чекор поблиску до војна – не со Украина, туку со сопствената држава“, порача Медведев на мрежата X.

Конфликтот меѓу двете светски сили сѐ повеќе се префрла и на полето на остри јавни изјави, закани и меѓусебни обвинувања, што дополнително ја заострува меѓународната политичка клима.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања