Медведев од Белград: Сакаме стабилен Балкан

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Свет
madvedev-vo-belgrad

Русија ја поддржува Србија и е подготвена да и ја обезбеди потребната помош за зачувување на нејзиниот суверенитет и територијален интегритет, изјави попладнево рускиот премиер Дмитриј Медведев, обраќајќи се пред членовите на српскиот Парламент.

— реклама —

Тој укажа на тоа дека проблемите во Европа само се зголемуваат, споменувајќи ја мигранстаката криза и тероризмот. Вели дека настаните на Блискиот исток и во северна Африка покажале дека смената на несоодветните режими и наметнувањето на модел, предизвикуваат хаос на огромни територии.

— реклама —

— реклама —
4hA1xA9MzZg

Тој се заблагодари на Србија, за тоа што, без оглед на притисоците и европските процеси, не вовела санкции на Русија.

Инаку во пресрет на посетата на Белград, Медведев за „Вечерње новости“ изјави дека Русија ги гледа тековните процеси и притисоците на Приштина, како што рече, „особено што, колку што разбира, таму на власт дошле ултранационалисти, поради што е неопходно внимателно да се следи што се случува, бидејќи очигледно е дека Балканот и понатаму останува турбулентен регион“.

– Во никој случај не треба да дозволиме повторување на какви било манифестации на насилство, обиди за еднострано прекројување на мапата на Балканот или која било друга акција што може да резултира во хуманитарна катастрофа, кажа Медведев.

Русија претпоставува дека како основа за разгледување и решавање на сите прашања треба да се земе меѓународното право, а не едностраните акти, изјави Медведев, додавајќи дека првенствено тоа е Резолуција 1244 на ОН.

Повод за посетата на Белград на Мадведев е одбележувањето на 75-годишнината од ослободувањето на Белград.

фото и водео: РТС и Вјести.рс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања