Меџити: Не ми е јасно од каде наоѓа Груби пари за толку скапи пејачи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
20230321193651

Изет Меџити, потпретседателот на ДУИ кој е лидер на фракционерската „Огнена група“, денеска во емисијата „Тема на денот“ на Сител иззрази зачуденост како првиот вицепремиер Артан Груби нашол пари да доведе екстремно скапи пејачи на синоќешниот партински митинг во Чаир.

— реклама —

ДУИ со митингот во Чаир сакаше да покаже дека ја има поддршката од локалното население додека продолжуваат внатрепартиските турбуленции, а пред граѓаните се обрати и лидерот Али Ахмети.

— реклама —

„Тоа во Чаир беше концерт, тоа се скапи пејачи и не ми е јасно од кај ги плаќа“, рече Меџити за Груби.

— реклама —

Тој додаде дека иако Груби пред јавноста подал рака за помирување, истовремено се разрешуваат функционери од „Огнената група“ и останатите се присилуваат да дадат оставка сами.

Не признава дека повеќе не е претседател на огранокот во Чаир и вели дека на министерот за надворешни работи Бујар Османи му измислиле паралелна партиска функција.

- Координатор за политички прашања во Чаир не постои. Таква функција во статутот на ДУИ, се прави дуализам и расцеп во огранокот, смета Меџити.

Го искритикува и фокусот на Груби кон изградба на Коридор 8 и 10д со Бејтел и Енка. Вели дека тој таму се насочил затоа што не бил успешен на ниту едно друго поле.

- Во Блаце не можат да излезат, пак се вратија, потпорниот зид го заборавија. Тие сакаа да се пофалат со патишта, но како да им веруваме кога 14 километри не можат да направат три години.

Коридорот 8 отвора перспектива, не сме против тоа, но нема да продолжи во Албанија и ќе служи за полесно да одиме само до Струга, но не сум сигурен дека ќе продолжиме понатаму.

Бехтел се во регионот, не сме ние први што ги вклучуваме и кога поставивме директор на ЈПДП и овој немајќи ништо друго со што да се бави, нема предлози за закони, и се префрли во таа област со Коридорот 8. Ќе има моја поддршка, но не можам да ги затворам очите пред сите овие фактори, башка што секој ден има по некоја афера за надзорната компанија, која со поврзува со компании со руски, кинески капитал и со долен веш, порача Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања