Меџити: Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал, СДСМ оди по паметот на ДУИ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
Screenshot-2025-02-25-at-11.23.00

Вицепремиерот и минситер Изет Меџити рече дека не направил ништо противзаконски, а за СДСМ кои пред Влада доставуваат документи до премиерот Христијан Мицкоски за незаконско работење вели: „сакаат да ја продолжат приказнава. Не може архивска работа да се прикаже како голем скандал. Ако сакаме да зборуваме за скандали, ги имаше доста до сега“.

— реклама —

„СДСМ оди по паметот на ДУИ, се гледа се синхронизирани во нападите. Прво се зборуваше за одземање на ингеренции од Министерството за животна средина, па кога видоа дека инспекторатот кој бил автономен, сега е сектор во рамките на Министерството отидоа на второто обвинување дека има простор за злоупотреба и тоа тоа го констатирал административниот инспекторат. Но тука сакам да се расчистиме, се работи за редовна контрола која е во програмата на Државниот административен инспекторат. Тие имаат забелешка, опомена за воспоставена пракса а не за ингеренции. Во однос на пракса, за волја на вистината, воспоставена од ДУИ и СДСМ, од 2016 година“, рече Меџити.

— реклама —

Меџити рече дека опомената е обжалена.

— реклама —

„Не се работи за ингеренции, ниту ништо друго“, рече Меџити.

Опозициската СДСМ вчера со документи добиени од свиркачи тврдеше дека поради злоупотреба, Државниот управен инспекторат со Решение Бр. 11-1653/2024 од 17.01.2025 година официјално ги одзел ингеренциите на вицепремиерот Изет Меџити во делот на потпишувањето на административни документи.

„Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата за административно постапување. Со тоа, Изет Меџити не само што вршел злоупотреба на позицијата, туку се отвора и сериозно сомневање дали на овој начин сакал да воспостави контрола и да има простор за уцени кон фирмите и граѓаните. Поради тоа Државниот управен инспекторат ги одзел ингеренциите на Меџити во делот на потпишувањето на административни документи. Костовски додаде дека ова не бил прв скандал во кој Меџити е вмешан и ги наведе најавите за 3.000 партиски вработувања до крајот на годинава. Јавно го прашуваме Христијан Мицкоски: до кога ќе го штити Изет Меџити?“, рече организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, на прес-конференција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања