Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Меџити: Од Владата побаравме нови 22 возила за Итната медицинска помош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити денес ја посети службата за Итна медицинска помош во рамки на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, со цел да се информира за нејзината работа која е со зголемен обем поради високите температури кои ја зафатија земјава.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

Меџити разговараше со здравствените работици кои се дел од оваа служба и кои се во прва линија кога станува збор за итни случаи на кои им е потребна здравствена заштита, интересирајќи се за предизвиците со кои се соочуваат секојдневно на терен.

— реклама —

Во текот на средбата Меџити посочи дека службата за Итна медицинска помош игра клучна улога во обезбедувањето на навремена и соодветна здравствена заштита за пациентите и дека токму затоа Министерството за здравство работи на унапредување на нејзините капацитети.

Тој најави дека Министерството за здравство доставило барање до Владата на РСМ за набавка на нови 22 возила за потребите на Итната медицинска помош, кои се планира да бидат распределени во целата држава со цел да се обезбеди уште поефикасна здравствена заштита за пациентите.

— реклама —

Оваа информација беше поздравена од здравствените работници во ЈЗУ Здравствен дом Скопје, кои го информираа министерот дека најавената иницијатива за набавка на нови возила ќе биде од големо значење во насока на унапредување на нивната работа.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања