Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Меџити: Се реконструира улицата „5 Мај“ во Серово, не даваме празни ветувања туку реализираме конкретни инвестиции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
media-library4l83fipe3dqn2wV4P9g

Првиот потпретседател на Владата и воедно кандидат на коалицијата ВЛЕН
за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити денеска ги следеше
работните активности во улицата “5 Мај“ во населбата Серово.

“Денеска сум овде, на улицата „5 Мај“ во населбата Серово, за да ги
следиме работните активности  за еден толку значаен проект кој е
директен одговор на барањата на нашите граѓани”, истакна Меџити.

— реклама —

Тој појасни дека со целосната реконструкција на оваа улица, од
крстосницата со улицата “ЛПК“ до паркингот кај комплексот „Чаирчанка“,
се презема конкретен чекор кон урбан развој и создавање подобри услови
за живот на жителите.

— реклама —

“Вредноста на овој проект е околу 5 милиони денари и истиот е финансиран
од Владата. Оваа улица е од особено значење бидејќи се наоѓа во
непосредна близина на комплексот “Чаирчанка”, кој сè повеќе се развива
во интегрирана станбено-деловна зона“, изјави тој.

Меџити најави дека паралелно со реконструкцијата на улицата е подготвен
и проект за изградба на катна гаража, со што ќе се реши сериозниот
проблем со паркирањето во овој фреквентен дел на Чаир.

— реклама —

“Нашиот пристап е јасен, не даваме празни ветувања, туку реализираме
конкретни инвестиции. Секој проект што го започнуваме е доказ за нашата
искрена посветеност и за визијата Чаир да се развива како функционална,
модерна и организирана општина“, потенцираше Меџити.

— реклама —

Понатаму, тој додаде дека ќе продолжи со работа и транспарентност.

“Ќе продолжиме со работа, транспарентност и постојана грижа, затоа што
граѓаните заслужуваат да бидат слушнати и достојно претставени“, истакна
Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3iv1jbe8438q2BqlKAG

(Видео) На пазарот во Чаир откриена нелегална продажба на акцизни производи, запленети 135 килограми режан тутун и 30 литри алкохол

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryhc48gdh0e4qvc35eacG

(Видео) Сообраќајка во Чаир: се судрија автомобили, делови од нив се по улицата

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryoqe0glts9k850Gs0EQd

По синоќешниот протест во Чаир, сообраќајот е нормализиран, а проблемот со водоводната мрежа е саниран

Македонија | пред 1 месец

media-libraryo2di6bl0e9adeM6snzP

(Видео) Граѓаните вчера излегоа на протест во Чаир поради проблеми со водоводот и канализацијата

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања