Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Меџити: Создадовме систем за користење светски искуства во лекување карцином

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Dekanat-7-of-18

Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити денеска оствари средба со деканот на Медицинскиот факултет професор д-р Светозар Антовиќ и професорката Весна Велиќ Стефановска, раководителка на Институтот за епидемиологија по повод прво воспоставување на национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за состојбата со малигни заболувања во земјава.

„Првпат воспоставуваме национална електронска платформа за објавување научни епидемиолошки студии за рак на простата, рак на матка, рак на дебело црево, на дојка и црн дроб. При креирањето на методологијата за работа се искористени искуствата на земјите членки на ЕУ и Соединетите Американски Држави. Во нив е прикажана просечната годишна процентуална промена на секое од петте малигни заболувања за период од 2014 до 2022 година, по пол, возраст и општини“, вели Меџити.

— реклама —

Сите истражувања ќе бидат поставени на електронска платформа отворена за сите профили на здравствени работници, како и студенти, магистранти и докторанти на Факултетите за медицина, стоматологија и фармација. Платформата ќе биде отворена и за здруженијата на пациенти со малигни заболувања и сите други заинтересирани лица и институции.

— реклама —

Остварувањето на оваа иницијатива е од национален интерес и ќе овозможи поврзување со сите релевантни светски бази на податоци.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања