Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Меџити: Владата не зборува веќе за уставни измени, сега бараат начин албанската опозиција да нема член во ДИК

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија


„Ако порано се злоупотребуваше национализмот, а цело време се вршеше корупција, во времето на Груевски, оваа влада цело време зборува за уставни промени, за европски интеграции и вредности, како параван, а ништо не работи во таа насока. Секојдневно се соочуваме со коруптивни зделки, на различни нивоа“, истакна Изет Меџити на денешната прес-конференција.

— реклама —

Тој кажа дека во последно време Владата веќе и не зборува за уставни промени, туку се заинтересирани на кој начин да го изведат тоа, албанската опозиција да нема свој член во ДИК.

— реклама —

– Тоа е индикација дека спремаат нефер и недемократски избори. Македонската опозиција е присутна во ДИК со три члена, проблематизираат за еден член од албанската опозиција, додаде Меџити.

— реклама —

Според него Владата, во последно време е фокусирана на измена на Кривичниот законик, се со цел како што вели да му се овозможи враќање на Груевски.


„Некаде 70 отсто од делата на Груевски и неговата тајфа се затворени и се во голема паника како 30 отсто од другите предмети да ги затворат, дали со притисок или тероризирање на Врховниот суд или пак со други механизми, но по секоја цена да се затвори се во однос на коруптивните зделки од минатото и да му овозможат на Груевски да се врати, како што му помогнаа да избега. Кога зборувам за Груевски зборувам за целата компанија. Нивниот фокус не е ниту интересот на граѓаните, ниту стратешките интереси на државата, ниту евроинтеграцијата, единствен нивен интерес е како да опстанат на политичката сцена“, додаде Изет Меџити.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања