Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Меџити за Онкологија: Нема да поштедиме никого, но не можеме сите лекари да ги ставаме во ист кош

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


Фатмир Меџити, министерот за здравство, во врска со скандалот на Клиниката за онкологија рече дека не може сите здравствени работници да бидат ставени во ист кош.

— реклама —


Меџити рече дека нашето здравство има врвни доктори и дека Министерството ќе направи сè за нивниот углед да биде зачуван, што е правилно и фер пред граѓаните.

— реклама —


„Како министер ви гарантирам дека со моите надлежности, без компромис, нема да штедиме никого и ќе работиме. Тоа што ќе го докажеме, ќе го санкционираме до крај. За наводите дека на Онкологија доаѓале пациенти од странство, во моментот немам информации, но и да имам, не можам да споделам поради предметот што го води Обвинителството и затоа сè што ќе се донесе како одлука на крајот, јавно ќе биде  објавено пред сите. Пациентите ги упативме до Обвинителството и таму најтранспарентно се работи со сите што имаат информации за случајот, вклучувајќи ги и нивните семејства“, истакна денеска Меџити.

— реклама —

Побара што побргу да се стави крај на шпекулациите во однос на скандалот на клиниката.


„Нема да поштедиме никого, ќе работиме и она што ќе го докажеме, ќе го санкционираме до крај“, прецизира Меџити.

— реклама —

За враќањето на КАТО-системот и контрола на терапијата на Онкологија, Меџити истакна дека ги разгледал можностите, но сè уште нема донесено одлука што ќе биде во најдобар прилог за пациентите.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања