Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Меѓу загинатите и кошаркар на КК Гостивар, Јовица Трпевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
jovica-trpevski

Сообраќајната несреќа во која животот го загубија 15 лица ја шокира македонската јавност. Раководството на КК Гостивар денес со соопштение побара одложување на завршниот турнир од Купот на Македонија, објави gol.mk.

Во големата несреќа животот го загуби и Јовица Трпевски, кој настапуваше за вториот тим на Гостивар.

— реклама —

„Поради трагичната несреќа која го погоди нашиот град, Кошаркарскиот клуб Гостивар најдлабоко жали за огромниот број сограѓани кои ги изгубија своите животи и соочуствуваме со нивните семејства, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Ја информираме јавноста и МКФ дека КК Гостивар не е во состојба да учествува на престојниот Куп на Македонија и бараме безусловно одложување на истиот. Во трагичниот настан, животот го загуби и нашиот играч Јовица Трпевски, ги одлагаме сите натпревари од Втората и младинските лиги закажани за викендов“, се вели во соопштението.

Се очекува да се изјасни Македонската кошаркарска федерација, која веќе ги дефинира последните детали за организацијата на Куп-завршницата во Гевгелија.

— реклама —

Извор: gol.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања