Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Меѓународен ден на сеќавањето на Холокаустот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
holokaust

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ќе има воведно обраќање на комеморативното одбележување по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот.

— реклама —

-Република Северна Македонија, како одговорен и почитуван член на меѓународната заедница, веќе повеќе години наназад го одбележува овој ден со цел да оддаде почит на преку шест милиони невини деца, жени и мажи – жртви на овој ужасен чин, меѓу нив и 7.144 македонски Евреи кои своите животи ги загубија во логорот на смртта во Треблинка, но исто така и на жртвите на сите останати геноциди, се наведува во соопштението од МНР.

На комеморативното одбележување, што ќе се одржи во организација на Министерството за надворешни работи,  ќе се обратат и претседателот на Собранието на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Радојка Хелман – Денковска, амбасадорот на Сојузна Република Германија, Анке Холштајн, нерезидентниот амбасадор на државата Израел, Дан Оријан, како и Фахри Хисени, координаторот на регионалниот проект на Куќата на Ана Франк од Амстердам „Историја – лекции за сегашноста“ од Младински образовен форум – Скопје.

— реклама —

Фото: архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања