„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Меѓународната гимназија „НОВА“ распиша конкурс за доделување стипендии

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
Stipendija-Boris-Trajkovski

Меѓународната гимназија „НОВА“ во соработка со фондацијата „Борис Трајковски“ распиша конкурс за доделување стипендии за школување во оваа гимназија. Аплицирањето почнува денеска (28 јануари) и ќе трае до 14 февруари 2019, а се одвива преку интернет-страницата на „НОВА“ www.nova.edu.mk каде е поставена електронска апликација која заинтересираните ученици треба да ја пополнат. Стипендиите се доделуваат по петнаесетти пат и се наменети за ученици од цела Македонија кои го завршуваат основното и сакаат да го продолжат средното образование во оваа образовна институција. Сите пријавени кандидати треба да имаат одличен успех од шесто до деветто одделение и солидно познавање на англискиот јазик.

— реклама —

Тројца апликанти ќе добијат целосни стипендии за четиригодишно школување, додека останатите ученици кои ќе се пласираат во вториот круг можат да конкурираат за финансиска помош која ќе може да покрие најмногу до 50 отсто од школарината. Ваква финансиска поддршка ќе добијат најмногу 10 ученици.

Oсвен што ќе добијат целосни стипендии, тројца ученици ќе добијат и поддршка за време на четиригодишното школување активно да учествуваат во локални, регионални и меѓународни настани и натпревари. Преку овие можности тие соодветно ќе се надградуваат со цел да ја претставуваат визијата на училиштето, фондацијата „Борис Трајковски“, но и својата држава. Програмата за стипендирање почна во 2005 година, а досега ја завршија десет генерации матуранти, кои своето образование го продолжија на факултетите во Европа и во САД.

— реклама —

- Веруваме во квалитетот на новите генерации и нивната подготвеност да бидат дел од средината која ги охрабрува младите луѓе да се спознаат себе си и другите - велат од меѓународното училиште „Нова“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања