Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Меѓународната манифестација „Ноќ на идеите“ во Францускиот институт во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Магазин
nuit-des-idees-centre

Меѓународната манифестација Ноќ на идеите во Скопје, насловена „Како филозофијата ја гледа иднината“, ќе се одржи в четврток, 14 февруари 2019, во 18 часот, во Францускиот институт во Скопје.

„Ноќ на идеите“ е меѓународна манифестација, која се одржува во сите Француски институт низ светот, на иницијатива на Францускиот институт во Париз и француското Министерство за култура и Министерството за надворешни работи, а претставува покана за отворен дијалог за запознавање со предизвиците наспроти кои денес е исправена науката, како и за размена на мислења околу актуелните проблематики на денешницата.

— реклама —

Ноќта на идеите во Скопје е замислена како дебата помеѓу г-ѓа Делфин Морана Бирло, професорка на Универзитетот Париз 1 Пантеон Сорбона, и проф. д-р Ана Димишковска, професорка на Институтот за филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје.

Дел од темите на кои ќе се разговара на оваа отворена дебата се предизвиците со кои се соочува филозофската мисла во 21-от век, местото на историјата на уметност помеѓу минатото и иднината и за тоа како да им се даде поголема присутност на општествените науки во образованието. Дебатата е отворена за публика и за истата има обезбедено консекутивен превод.

— реклама —

Г-ѓа Делфин Морана Бирло ќе земе учество и на Меѓународната недела на Филозофскиот факултет, која е во организација на Филозофскиот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржува од 11 до 15 февруари 2019.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања