Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

„Меѓународниот сојуз“: Пензионерката Лилјана Тодоровска раскажа се по ред, а одбраната ја обвини дека лаже

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
megunaroden-sojuz

Пензионерката Лилјана Тодоровска, која ги има авторските права за проектот за старски домови, попладнево имаше емотивно сведочење на судско рочиште за „Меѓународниот сојуз“.

— реклама —

Тодоровска почна да раскажува од зачетоците на нејзиниот проект, кој посочи дека е стар десетина години. Раскажа дека во 2012 година проектот ѝ го презентирала на тогашната власт, која го пофалила проектот и ѝ дала инструкции, но никогаш не дошло до соработка со инвеститор. Во 2017 година, по промената на власта, имала средба со тогашната министерка за труд и социјална Мила Царовска, со која лично се познавала, а таа ѝ посочила дека ќе се основа „Меѓународен сојуз“ и ја упатила таму, објави 360stepeni.mk. 

„Јас потпишав договор за соработка помеѓу мене како автор на проектот и Сојузот, но ја потпишав само последната страница. На моето барање да го видам договорот, Јасна ми рече ‘Лиле, 8 саат навечер е, да си одиме дома утре ќе го видиш’“, рече Тодоровска.

— реклама —

Ѝ било кажано дека хонорарот ќе ѝ биде даден кога инвеститорот ќе ги уплати парите. На нејзината сметка легнале пари, но таа кажа дека не знае која сума. Со возачот, Мандиќ и Блажевска биле да ги подигнат парите, но неуспешно зашто станувало збор за сума од над 10 000 евра и требало да подлежат на проверка.

„По неуспешното прво подигање на парите, јас Јасна и Христина отидовме во ‘Меѓународниот сојуз’. Таму имаше голема врева дека заради моите кредити не можеле да се подигнат парите. Јас останав сама кај секретарката, тие беа во канцеларија. По долго време, се појави господинот Кирацовски, ме гушна и ми рече ‘мајче, не се секирај, ова мора да помине пред финансиска полиција’“, рече Тодоровска.

Додека таа сведочеше, обвинетите често префрлаа дека не ја кажува вистината, а адвокатот на Јовановски и Блажевска, Сашко Дукоски, во изјава за медиумите сведочењето го нарече брутално лажење.

Текстот во целост на: 360stepeni.mk. 

фото:  360stepeni.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања