Британската премиерка Тереза Меј пристигна денеска во Брисел каде ќе има средби со претседателот на Европаката комисија, Жан Клод Јункер и претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск пред неделниот самит на ЕУ на кој треба да биде потврден нејзиниот план за брегзит.
Британија постигна договор со Европската комисија кој лидерите на земјите членки на ЕУ треба да го одобрат на состанок во недела кога челници на 28 држави според договорот треба да го потврдат нацрт договорот за брегзит како и политичка декларација за идните односи меѓу ЕУ и Британија.
Британија соопшти дека е постигнат договор според кој се дефинираат условите за излегување од ЕУ.
Премиерката Тереза Меј истакна дека ќе следи изјава во Претставничкиот дом, при што ќе бидат соопштени деталите.
Со овој чекор Британија ј спроведува желбата на британскиот народ изразена на референдумот за Брегзит во јуни 2016 година. А тоа е да се врати интегритетот на Обединетото Кралство.