Мекиците го одложија рочиштето на насмеаниот Рашковски, судијката која му суди добила внука

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
raskovski-mekici

Судијката Ленка Давидкова која е втор судија во случајот каде обвинет е Драги Рашковски, непредвидено морала да го напушти работното место. Само неколку минути пред да започне рочиштето за ексгенералниот секретар на Владата кој се гони за сомнителни тендери и хонорари, таа добила информација дека добила внука за која ќе треба да части мекици. Нејзината колешка, Фанка Јанчулева-Михаиловска им ја соочи веста на обвинетите, јавноста и обвинителката, но не сите беа така радосни.

— реклама —

Адвокатите на обвинетите изреагираа: „Па зошто не се одложеше, зошто не се кажа на време да не доаѓаме“.

— реклама —

На ова, Јанчулева-Михаиловска застана во одбрана на колешката и рече дека не се знаело дека денес ќе се частат мекици, односно дека судијката Давидкова ќе добие внука.

— реклама —

Рашковски влезе во судница по еден месец пауза. Денеска беше насмеан и расположен. За разлика од неговата насмевка додека го снимаа камерите, Даниел Станчев (сопственик на фирма која ги добивала сомнителните тендери од Владата) се криеше со рацете и со спуштена глава седеше додека се снимаше. Професорите од ФИНКИ, исто така обвинети, беа вообичаено расположени.

Рашковски се гони бидејќи Обвинителството смета дека како генерален секретар на Владата, спровел постапка за јавна набавка спротивно на прописите, која претходно ја договорил со фирмата која го добила тендерот. Во прилог на ова, Обвинителството вели дека Рашковски дал и насоки како да се изготви техничката спецификација на јавната набавка.

Освен ова, Обвинителството го гони и дека делел хонорари на хонорарци, на кои потоа им одземал дел и си ги земал за себе. Покрај него, обвинети се и професори на ФИНКИ, но и сопственикот на фирмата „Инвока груп“ кои ги добивал наместените набавки, Даниел Станчев.

За седум дена, Рашковски со другите обвинети повторно ќе биде во судница.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања