Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите

Во живо „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Државниот архив: Ќе се истражува архивскиот материјал значаен за централнобанкарското работење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија


— реклама —

Еден од резултатите на меморандумот за соработка, склучен помеѓу Народната банка и Државниот архив, ќе биде истражувањето на архивските фондови во Државниот архив, кои се однесуваат на банките и банкарските организации значајни за стопанскиот развој на нашата држава во текот на историјата.

— реклама —


Како што известува Народната банка, со меморандумот се обезбедува натамошно зацврстување и проширување на соработката и се определува сферата на заеднички интереси во истражувањето, собирањето, обработувањето, евидентирањето, чувањето и промовирањето на архивскиот материјал значаен за централнобанкарската историја, за финансиските состојби, за развојот на банкарството и економијата во државата. Со официјализирањето на заемната соработка двете институции ја истакнуваат заложбата за промовирање на архивските материјали како позитивен пример на општествена одговорност, на етички и професионален однос.

— реклама —


— реклама —

Соработката на Народната банка со Државниот архив на Република Северна Македонија придонесува и кон зачувување на економската историја како корисна алатка за финансискиот сектор, што може да придонесе за подобрување на благосостојбата во општеството, но и како колективна меморија и културно наследство, се додава во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања