Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Меморијален фудбалски турнир посветен на споменот на сите наши загинати бранители

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
61188734_1262204213957199_4651507116949897216_o

“Најнапред дозволете ми да се заблагодарам не само за поканата денеска да бидам дел од овој настан, туку и за укажаната чест да го отворам овој традиционален меморијален спортски турнир посветен на споменот на сите наши  загинати бранители“.

— реклама —

Ова, меѓу другото, денес во Крива Паланка го истакна министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по повод одржувањето на Традиционалниот меморијален турнир во мал фудбал “Бранители 2001“, што во чест на загинатите припадници на МВР од овој крај се одржува 17-та година по ред.

— реклама —

“Во оваа пригода сакам да истакнам дека меморијалниот карактер на фудбалскиот турнир има крајно благородна цел, во името на ненадоместливата загуба на нашите бранители-херои. Цел која што во името на нашата совест и во име на највисоката вредност - човечкиот живот - треба постојано да не потсетува, како луѓе и како општество, никогаш да не заборавиме за жртвите и обврските кон нив“, нагласи Спасовски.

— реклама —

— реклама —

Инаку, министерот Спасовски пред свеченото отворање на турнирот, заедно со делегација од министерството за внатрешни работи положи цвеќе пред споменикот на Бранителите во кругот на Полициската станица Крива Паланка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања