Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Меморијален марш во спомен на загинатите во сообрќајната несреќа кај Ласкарци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
laskarci-marsh

Стотина лица утрово околу 6 часот го започнаа меморијалниот марш од скопското село Ласкарци, каде пред една година се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа 16, а беа повредени 35 лица.

Пред почетокот на маршот беа пуштени лантерни (книжени балони со свеќи) со што им се оддаде почит на загинатите.

Иницијативата за граѓанскиот марш ја покренаа група планинари и е поддржана од општина Гостивар. Според предвиденото, маршрутата е долга 55 километри.

— реклама —

Маршот предвидено е да заврши на градскиот плоштад во Гостивар во поладневните часови.

— реклама —

За потсетување на 13 февруари 2019 година, во попладневните часови во сообраќајна несреќа на автопатот Скопје-Тетово, од коловозот излета автобус на компанијата „Дурмо Турс“ кој превезуваше патници на редовна линија од Скопје кон Гостивар.

Во несреќата животите ги загубија: Бобан Аврамовски, Трпана Јаневска, Дејан Ристоски, Онур Садику, Есат Емрули, Ајдин Исмаили, Раметула Абдураими, Валдете Хамити, Арсе Арсоски и Ерза Османи Јовица, Трпевски, Бесим Фетаи, Бејза Узеири, Зоран Давидовски и Павле Костоски.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања