Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Менкиноска:Градоначалникот Наумоски ветуваше чист воздух во Ѓорче Петров, а сега оваа општина е една од најзагадените по сите параметри

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
menkinoska

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски во својата програма „Живот во Ѓорче Петров за сите” имаше предвидено низа мерки и ветувања со кои би се обезбедило чиста вода за пиење и чист воздух, но ништо од тие ветувања не стана реалност, истакна Наташа Менкиноска од ВМРО ДПМНЕ.

Менкиноска додаде:

— реклама —

Наумоски се обврзуваше на постојано и навремено чистење на депониите и каналите, изградба на колекторски систем, пречистителни станици, регионални фабрики за третман на цврстиот комунален отпад и инвестирање во енергетски ефикасни објекти.

После неколку години власт од страна на СДСМ сликата во општината е сосема поинаква. Нема реализација на ниту еден проект за заштита на животната средина, дивата депонијата во Ново Село е една од најголемите во државата, каналот за наводнување во село Орман е дисфункционален, а општината не превзема ништо за да го реши тој проблем. Општината Ѓорче Петров е една од општините со најзагаден воздух и по параметрите на мерната станица на Министерството за животна средина и по параметрите на мерната станица „МојВоздух“.

— реклама —

Во време на светска пандемија жителите на село Кучково беа оставени цело лето без вода за пиење.

— реклама —

Лажни беа сите ветувања на градоначалникот.

Со ваквото неодговорно владеење уште еднаш се докажа дека на градоначалникот Наумоски не му е важен животот на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања