„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

МЕПСО демантира дека бил склучен договор за набавка на дронови во четири очи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
bertrand-bouchez-409305-unsplash-37oja9s32pd8j8p2vazym8

— реклама —

МЕПСО ги демантира наводите дека бил склучен „договор за набавка во четири очи каде набавка зависи само од желбата и волјата на менаџментот на државната институција“ во текст објавен на 1 јануари 2019 година на порталот Лидер.

— реклама —

„Во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста известуваме дека договорот за набавка на стоки „Специјални летечки уреди (дронови) за извршување вонредни прегледи на далекуводи“ е склучен откако во целост е спроведена соодветна транспарентна постапка за јавна набавка согласно со Законот за јавни набавки. Имено, договорот со правното лице „Флај Кем ДООЕЛ“ е склучен откако е објавен тендер на кој на е-аукција компанијата дала најповолна цена за набавка на 4 дронови и за обука на лица од МЕПСО за управување со тие уреди. Дополнително аргумент во полза на тоа дека е добиена поволна понуда е тоа што планираната вредност на набавката била 922.500 денари, а набавката е реализирана за вредност од 779.980 денари со вклучен ДДВ. Сите овие податоци се достапни на следниот линк https://e-nabavki.gov.mk/PublicAccess/home.aspx#/dossie-evidences/0e1d1b9c-ccbc-4961-998b-89536d3dc5cf јавно достапен на е-системот на Бирото за јавни набавки. Со ова ги отфрламе како неточни, тенденциозни и злонамерни наводите во текстот дека бил склучен деговор во четири очи со што се алудира дека одредено правно лице било фаворизирано.

Дополнително, набавката на 4 дрона произлезе од потребите на МЕПСО односно на далекуводните екипи за поефикасно откривање на можни дефекти на преносната мрежа. Овие уреди овозможуваат за многу пократко време да се направи увид на далекуводна траса и да се детектира точна локација на евентуален дефект. Тоа ја прави работата на далекуводните екипи многу поефикасна затоа што за значајно пократко време утврдуваат локација на дефект и превземаат мерки за негово отстранување на која и да е точка од преносната мрежа на МЕПСО со вкупна должина од 2.100 километри. Ова во значајна мерка ја зголемува ефикасноста во работењето на МЕПСО и на подобрува продуктивноста на електромонтерите во далекуводните екипи се со цел стабилно и навремено снабдување со квалитетна електрична енергија на сите потрошувачи на преносната мрежа“, се вели во демантот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања