„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мерката на Владата за забрана на групирање на повеќе од четири лица на јавен простор има точно утврдени исклучоци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
maska-2

Одлуката на Владата на Република Северна Македонија за забрана за собирања во групи (групирање) на повеќе од четири лица на јавен простор, односно паркови, јавни површини или било каде на отворен простор во текот на целиот ден, цела седмица, која ја донесе на 18-тата седница, има точно дефинирани исклучоци и не се однесува и не важи:

— реклама —

  1. За родители со деца од исто семејство;
  2. При организирање настава на отворено, како дел од формалното образование во  образовните институции и установи за згрижување на деца;
  3. При чекање на постојка за превоз на патници;
  4. При професионални спортски тренинзи и натпревари;
  5. При организирање и одржување на службени собири (состаноци, работилници, обуки, конференции, седници и сл.), кои се неопходни за да се обезбеди континуирано работење на институциите, деловните субјекти и други организации;
  6. При вршење работни задачи од вработени лица во есенцијални служби како полиција, војска, противпожарна служба, обезбедување, здравство и слично;
  7. За лица затекнати во вршење работни задачи при давање прва помош во животно – загрозувачки состојби;
  8. При пристапување на економски оператори во нивните капацитети, простории/објекти заради добивање услуга, чекање во ред пред оператор и слично, со одржување на дозволеното минимално растојание од најмалку 1,5 до 2 метри при добивање на услугата; и
  9. За вршење на други активности кои се утврдени и се одвиваат со задолжително почитување на времените мерки, наредените мерки и наменските протоколи, планови и алгоритми (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus) за постапување согласно оваа Одлука.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања