„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Меркел: Дигитализацијата ќе го олесни земјоделското производство преку пристап до повеќе информации

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
IMG_7364

Во рамки на саемот за земјоделство и храна „Зелена недела, што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија, денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски присуствуваше на  Глобалниот Форум за храна и земјоделство (GFFA). Оваа година темата на форумот е „Земјоделството се дигитализира – Паметни решенија за идното земјоделство“. На денешниот состанок, на оваа тема на меѓународните министри за земјоделство им се обрати германската канцеларка Ангела Меркел заедно со министерката за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија, Julia Klöckner.

— реклама —

Пред министрите од 70 земји во светот Меркел зборуваше за значењето на дигитализацијата за иднината на земјоделството.

Меркел истакна дека земјоделството има долга традиција и многу важно место во економиите на сите земји. Сите земјоделци се соочуваат со заеднички проблеми како што се климатските промени, трговската размена и пласманот на земјоделските производи, но со помош на дигитализацијата се олеснува нивната работа и се овозможува пристап до повеќе и попрецизни информации.

— реклама —

Според проценките на Обединетите нации до 2050 година треба да се произведува 70% повеќе храна за потребите на светот.

„Со помош на дигитализацијата во делот на маркетингот и прехранбената индустрија можеме подобро да ја користиме храната, за помалку да се фрла и да се хранат повеќе луѓе. Ова е само еден од проблемите со кои ќе треба заеднички да се соочиме, а дигитализацијата може многу да помогне во овој процес. Нема единствено решение за сите проблеми, проблемите варираат, но решенијата треба да ги вклучуваат интересите и на малите и на големите земјоделски стопанства, како и способноста за регенерација на природата, односно грижата за животната средина“, порача канцеларка Меркел.

Глобалниот форум за храна и земјоделство е меѓународна конференција која се фокусира на централните прашања за иднината на светската индустрија за храна и земјоделство. Ова е уникатна можност за претставниците од политиката, бизнис секторот, науката и граѓанското општество од целиот свет да споделуваат идеи и подобро да ги разберат темите од земјоделската политика. Форумот се одржува во рамки на најголемиот светски саем за храна и земјоделство „Зелена Недела“ во Берлин, организиран од Министерството за храна и земјоделство на Сојузна Република Германија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања