Мерки за заштита од ценовните шокови дури во наредниот месец односно месеци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
20052022_PVRSM_Kovacevski_PZPVRSM_Grubi_poseta-na-Opstina-Saraj_1

Премиерот Димитар Ковачевски рече дека мерките за заштита на граѓаните од ценовните шокови кои веќе ги има, ќе се носат во наредниот месец односно наредните месеци. Тој не кажа конкретен датум, само посочи дека се прави редизајн на постојните мерки. Уверува дека се сѐ следи, но немаше никаков конкретен одговор кога заштитата на џебот на граѓаните ќе биде заштитен.

— реклама —

„Први реагиравме со мерки и тоа беше потврдено од сите извештаи. Веднаш на почетокот на енергетската криза го намаливме данокот на струјата и извршивме субвенционирање на 80 отсто од сметките кои граѓаните ги плаќаат. Исто така во однос на храната прво беа замрзнати цените, кога таа мерка го исцрпи капацитетот беа ограничени маржите. Со оглед на тоа дека мора да имаме одговорност кон сите играчи, во овој момент се прави редизајн на мерките, а кога ќе бидат направени сите анализи, ќе бидат воведени нови мерки. Гледате дека во најголемиот дел од секторите се зголемуваат платите. За цената на нафтата и нафтените деривати, гледате дека урива рекорди. Не знам до каде ќе оди цената на нафтата. Доколку ги погледнете, јас секое утро станувам со советниците и ги гледаме берзите со енергенси. Она што можеме да апелираме, е побрзо да заврши агресијата на Русија врз Украина со што ќе се стабилизира пазарот“, рече Ковачевски.

— реклама —

Тој најави контроли, но не и какви би биле можните нови мерки.

— реклама —

„Со ребалансот кој е предвиден има и предвидени нови 80 илјади евра за антикризни мерки, а кои ќе бидат по ревидирањето на постојните мерки, предложени и во функција. Граѓаните да не се грижат, Владата има дневен увид на кризата“, додаде Ковачевски.

За стоковите резерви кажа дека се на ниво порпишано со закон.

„Немаме недостатоци на храна во државата“, додаде Ковачевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 3 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 3 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања