Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Мерките даваат резултат, цените се намалуваат, растат плати и пензии, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
DSC_0097

Мерките и политиките на СДСМ за заштита и унапредување на стандардот на граѓаните во време на светска економска криза даваат резултати, се намалуваат цените, а истовремено растат платите и пензиите, вели СДСМ

„Од минатиот месец, цената на белиот и полубелиот леб е намалена и замрзната на 33 денари. Намалени се цените на тестенините за 15 проценти, а за 10 проценти пониски се цените на млекото и на млечните прозводи - урдата, сирењето, кашкавалот, киселото млеко, павлаката и јогуртот. Замрзнати се и цените на јајцата и оризот, со што нивните највисоки цени ќе останат на нивото од 15 март, а со важност до 30 април.

— реклама —

Меѓу производите со замрзнати цени ќе се најдат и дел од хигиенските производи, а дел од овошјето и зеленчукот неделава ќе добијат замрзнати цени.

— реклама —

Со системски решенија и со исправни економски политики растат платите и пензиите.

Минималната плата од овој месец се покачи за 2.175 денари односно од 18.000 на 20.175 денари.

— реклама —

Просечната плата во државата за пет години се зголеми за 44 проценти и сега е над 34.000 денари.

— реклама —

Мартовската пензија е покачена за 8,4 проценти - во една календарска година пензиите пораснаа за 16 проценти, а со септемвриското усогласување ќе се зголемат за 25 проценти.

СДСМ го слуша гласот на граѓаните, никој не е оставен сам да се справува со последиците од светската економска криза“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања