Промени тема
Контакт

Мерките на СДСМ и ДУИ се задоцнети, гол популизам не им е потребен на граѓаните, вели опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0638

Новите мерки на власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата, вели ВМРО-ДПМНЕ.

„На граѓаните не им треба гол популизам.

Факт е дека откако СДСМ е на власт нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална банда на власт мисли само на тендери и партиски вработувања на грбот граѓаните.

— реклама —

СДСМ не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.

Доколку власта не водеше инает и ги прифатеше предлозите на ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните и стопанството ќе беа помалку оштетени од новите поскапувања, веќе 2 недели граѓаните ќе имаа намалени акцизи од 50%, за горива, а со откажување од ДДВ за основни прехранбени продукти, и поевтини намирници.

— реклама —

СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1.000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.

— реклама —

За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра.

Ја повикуваме владата во најбрз можен рок да направи ребаланс на Буџет и да се откажат од сите непродуктивните трошоци. Да се откажат од луксузирањата и парите да ги пренасочат кон граѓаните и намалување на последиците од кризата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања