Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мерките на власта се премалку и задоцнети, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
31012022_PVRSM_Kovachevski_uvid_OOUPrilep-1

Новите мерки кои ги предложи власта на СДСМ и ДУИ се задоцнети и премалку за справување со кризата, вели ВМРО-ДПМНЕ

— реклама —

„Дел од таканаречени мерки се само советодавни кон граѓаните, или мерки кои треба месеци за нивно реализирање. На граѓаните не им треба гол популизам, туку видливи и реални мерки кои ќе им помогнат да го пребродат овој кризен период.

Нема нови странски инвестиции, нема инвестиции во капитални проекти, оваа криминална власт мисли само на грабеж, тендери и партиски вработувања на грбот на сите граѓани.

— реклама —

СДСМ и ДУИ се обидуваат со доделување по 1000 денари месечно да ги прелажат пензионерите и граѓаните.

За разлика од Македонија, каде што изминативе 4 години нема ниту една нова странска инвестиција, реализацијата на капиталните проекти е на најниско ниво, инфлацијата ќе достигне двоцифрена бројка, нашиот северен сосед, Србија изминативе години отвори нови 250 фабрики од над 3.9 милијарди евра инвестиции, а на секој полнолетен граѓанин во оваа криза им даде по 100 евра, а на пензионерите по 170 евра.

— реклама —

Власта на администраторот Ковачевски не го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата на нафтените деривати за 50% и веднаш да се намали цената на горивата за 13 и 9 денари, туку понуди комплициран модел кои никој не го разбра и не гарантира дека ќе допринесе за намалување на цената на дериватите.

Ја повикуваме власта, доколку сака да им помогне на граѓаните да го прифати предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата.

— реклама —

СДСМ и ДУИ покажуваат целосна отсутност од реалноста, и затоа Македонија е во толку длабока криза. Оние коишто се главните предизвикувачи на кризата не може да бидат дел од решението.

Најдобар излез од кризата е оваа неодговорна и криминална власт што побргу да си замине. Најрационално решение се брзи парламентарни избори“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања