ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мерко категоричен, нема дивоградби во заштитената зона на Охридското езеро во Струга

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
struga

Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко стои цврсто на тврдењето дека нема ниту една дивоградба во заштитениот појас на Охридското езеро во оваа општина. Струшката локална самоуправа го проби рокот за изработка на регистар на бесправно изградени објекти, кое како задолжение го доби од Владата како дел од препораките на УНЕСКО. Од октомври, кога требаше да биде завршен инвентарот, до денес нема информација во јавноста дали истиот е изготвен и колкав е бројот на дивоградби.  Иако од Министерството за транспорт и врски за „Алсат“ потврдиле дека во Општина Струга има над 3.000 дивоградби, Мерко категоричен дека ниту една од нив не го загрозува статусот под УНЕСКО на охридскиот регион, објави Мета.мк.

— реклама —

Градоначалникот на Струга не гледа проблем ниту во поглед на ѕидањето тераси и платформи на самиот брег на езерото. Вели дека Националната комисија на УНЕСКО во целост го разгледала целото крајбрежје и утврдила дека нема градби за рушење. Но, од Комисијата неодамна обелоденија дека при контролата биле утврдени пропусти на струшките плажи.

– Ние она што го утврдивме при посетата на струшкиот регион е постоењето на одредени, она што е фамозната наша болка, платформи што навлегуваат во езерото,  одредени подѕидувања на крајбрежјето кои се веројатно изработени без соодветната документација. Она што оценивме дека е неопходно да се отстрани, од градоначалникот добивме уверување дека ќе биде отстрането – рече Зоран Павлов, претседател на Национална комисија на УНЕСКО.

— реклама —

Засега во Струга нема на повидок започнување на некаква акција за отстранување на бесправно изградени објекти како што беше случајот во Охрид.

Текстот во целост на: Мета.мк

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања