„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Мерко: Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
merko

,,Во Струга треба да се гради и ќе се гради, а тоа што зборуваат невладините и екологистите баш ми е гајле" вели градоначалникот на Струга Рамиз Мерко одговори на прашањето зошто во неговата општина продолжува да се узурпира крајбрежјето и покрај мораториумот за градба, забелешките на Унеско и вонредната состојба.

— реклама —

Во однос пак на барањето на Антикорупциската комисија Владата да ги урне дивоградбите во охридско струшкиот регион бидејќи не веруваат дека општините можат самите да го сторат тоа Мерко вели дека тие како локална ингеренциите им ги понудиле но им било посочено дека нема закон за нивно одземање.

-Ние ќе му кажеме да доградиме уште, а не да рушат. Владата ќе реагира како ние ќе кажеме. Сигурно така има да кажат бидејќи ние сме локална власт. Фала богу кога доаѓа пролет, сите треба да направат реконструкција, да ги исчистат терените, да ги средат концесиите, да ги средат и измачкаат објектите. За овие работи за кои и вие и оние невладини кои ги има во Охрид, не напаѓаат, нас баш не брига, вели Мерко.

— реклама —

За градоначалникот Мерко, се што се градело било легално. Мерко вели дека во Струга имало само 262 дивоградби и тоа во селските средини.

фото: Архива

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања