Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите
„Претрес“ на Најчевска: За „глупите“ и „психопатите“, Шарената револуција, политиката, неуспесите

Меркосур размислува за враќање на Венецуела во блокот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 9 часа -

Свет
media-library8mcd86mjir6hesdvVU4

Меркосур би можел да ја разгледа можноста за враќање на Венецуела во тој јужноамерикански трговски блок, изјави денес потпретседателот на Бразил, Жералдо Алкмин.

Според неговите зборови, Венецуела сега е „во поинаква ситуација“ од претходно, па затоа суспензијата на членството од 2017 година би можела да се преиспита, пренесува Блумберг.

— реклама —

Венецуела беше суспендирана од Меркосур поради кршење на демократските правила и економските обврски, а нејзиното враќање бара согласност од сите членки – Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај.

Покрај Венецуела, и Колумбија размислува за полноправно членство во Меркосур, додека Боливија веќе е во процес на целосна интеграција во јужноамериканскиот блок.

— реклама —

Венецуела започна да ги обновува врските со западните институции откако поранешниот претседател Николас Мадуро беше отстранет од власт во јануари.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка минатата недела соопштија дека повторно ја воспоставуваат соработката со Венецуела.

Според Ројтерс, односите со Венецуела беа прекинати од 2019 година поради спорови околу признавање на власта, но сега се обновуваат со поддршка од дел од членовите на Фондот.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека Фондот соработува со владата на Венецуела под водство на привремената претседателка Делси Родригез.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања